По Вардар, СЕХА го казни и Еурофарм Пелистер! (ФОТО)

Откако шампионот Вардар беше казнет три пати во регуларниот дел од сезонатa, СЕХА лига го казни и вториот македонски претставник во оваа конкуренција, Еурофарм Пелистер.

Битолчани кои беа елиминирани од хрватскиот Нексе Нашице во осминафиналето ќе треба да платат вкупно 600 евра.

Станува збор за три казни од по 200 евра, поради тоа што тројцата ракометари (Марин Вегар, Анже Ратајец и Милан Ѓукиќ) на реваншот со Нексе во Битола не биле облечени според пропозициите на СЕХА, односно под шорцевите носеле шорцеви со различна боја.