Почнаа проблемите пред ЕП: Србија го одложи патувањето во Данска, Романките во карантин 24 часа…

Европското првенство во Данска што започнува на 3 декември во Колдинг и Хернинг нема да помине без проблеми.

Романската репрезентација веќе пристигна во Данска, но иако пред патот сите беа негативни, на тестирањето во Хернинг беше откриен позитивен тест кај Лаура Моиса, која веднаш е изолирана во специјален хотел за таа намена.

Останатите ракометарки ќе бидат во карантин 24 часа и нема да одржат тренинг денеска, пред одново да бидат тестирани во текот на утрешниот ден.

Српската делегација денеска требаше да полета кон Данска, но патувањете е одложено за четврток поради позитивни тестови. Ќе бидат направени нови тестирања, па дури потоа ќе биде познат конечниот список на ракометарки што ќе патуваат на ЕП.

Србинките првиот меч го играат в петок, па ќе пристигнат во Данска на 24 часа пред средбата со Холандија.