Потресна животна приказна на украинска ракометарка – ми даваа да јадам храна за кучиња

Украинската ракометарка Јарослава Бурлаченко која има 29 години и настапува за екипата на Баја Маре во Романија ја раскажа својата потресна животна приказна за романскиот ГСП.

Бурлаченко првпат пристигна во Романија во 2012 година кога се приклучи на екипата на Галаци. Таа го напуштила својот дом на 13 години бидејќи била измачувана од нејзиниот очув.

„Не се сложувавме воопшто со новиот маж на мајка ми. Таа беше бремена со сестра ми и замина во подорилното, а јас останав со него и двајцата помали браќа. Ме тераше да подготвам храна за мене и браќата, но ми даваше да јадеме храна за кучиња. На 19 години се обидов да се вратам дома но имаше големи несогласувања и караници. Кога сфатив дека мајка ми го поддржува од тогаш реков не се мешам повеќе“, рече Бурлаченко за романскиот медиум.

И покрај тоа што имаша тешко детство со очувот откако започна војната Бурлаченко е загрижена за мајка ѝ и очувот и само посакува да останат живи. Таа уште во раното детство и училишните денови го покажала талентот кој во текот на кариерата и го потврди.