Потпиша Бобан Ристевски, Охрид го комплетира голманското трио

На стартот на подготовките за новата сезона, тимот на Охрид го промовираше и последното засилување.

Како што најави 24Ракомет, ново име во составот на Стевче Алушовски е досегашниот чувар на мрежата на Еурофарм Пелистер, Бобан Ристевски.

Тој ќе формира трио со Даниел Ѓорѓески и Босанецот Берин Бркиќ, па Алушовски ќе има можност за ротација на голманската позиција.

Ристевски потекнува од битолската школа, а покрај за првиот, бранеше и за вториот тим на Еурофарм Пелистер. Има искуство и од настапите во СЕХА лига и во Лигата на Европа.

Охрид претходно се засили со тројца ракометари од Еурофарм Пелистер – Гоце Ојлески, Милорад Кукоски и Никола Стоилевски, а ги донесе и бековите Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Сафранко.

Охрид пак на шопинг кај шампионот – се засили со нов голман