Охрид пак на шопинг кај шампионот – се засили со нов голман

Тимот на Охрид полека го комплетира играчкиот ростер пред стартот на новата сезона во која ќе има големи амбиции.

Ново име во составот на Стевче Алушовски е досегашниот чувар на мрежата на Еурофарм Пелистер, Бобан Ристевски.

Тој ќе формира трио со Даниел Ѓорѓески и Босанецот Берин Бркиќ, па Алушовски ќе има можност за ротација на голманската позиција.

Ристевски потекнува од битолската школа, а покрај за првиот, бранеше и за вториот тим на Еурофарм Пелистер. Има искуство и од настапите во СЕХА лига и во Лигата на Европа.

Охрид претходно се засили со тројца ракометари од Еурофарм Пелистер – Гоце Ојлески, Милорад Кукоски и Никола Стоилевски, а ги донесе и бековите Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Сафранко.