Slovenia vs Poland, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Katowice, 14.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Потоп на домаќинот Полска- Перфектните Словенци ја замолкнаа Сподек арена!

Во натпреварите кои се дел од второто коло од групите А, Б, Д и Ц беа забележени интересни резултати. Во дербито на вечерта Словенија и одржа ракометна лекција на домашната Полска и славеше со 23-32, Исланд и покрај убедливото водство во текот на натпреварот успеа да загуби од Унгарија со 28-30, додека пак Шпанија и Шведска ги оправдаа фаворитските улоги против Чиле и Зеленортските острови славејќи убедливи победи.

Полска-Словенија 23-32 (11-17)

Алекс Влах го отвори натпреварот за почетно водство на Словенија од 0-1, а десното полско крило Морито одговори со два брзи гола  во словенечката мрежа. Првите петнаесетина минути се играше израмнето кога двете репрезентации имаа свои периоди од играта  и водство од два голови позитива. Полска играше добро и водеше до 15.минута , а од тогаш започна словенечкиот бран за кој пољаците немаа одговор.Доленец и Јанц беа ракометарите за кои полската одбрана немаше решение.Најпрво Бомбач израмни на 8-8, а потоа следуваше неверојатна серија од 8-2 во корист на Словенија за највисоки +6 (10-16) на две минути до крајот на првиот дел. До крајот двете репрезентации погодија за конечни 11-17 на полувреме.

Slovenia vs Poland, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Katowice, 14.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektif

Словенија продолжи фуриозно и во второто полувреме, постојано зголемувајќи ја својата предност.Веќе во 40.минута имаа двоцифрено водство од 15-25, а остатокот од натпреварот го одиграа рутински забележувајќи висок триумф над домаќинот Полска од  23-32.

Најефикасен во словенечкиот состав беше Јуре Доленец со седум гола, а го следеше одличниот Алекс Влах со шест. Во репрезентацијата на Полска, Морито шест пати ја погоди противничката мрежа.

Останати резултати:

Исланд-Унгарија 28-30  (17-12)

Шпанија-Чиле 34-26  (18-15)

Шведска-Зеленортски острови 34-27 (19-8)