Потврдени најавите: Келце доби „пакет“ од ПСЖ!

Полскиот шампион Келце почнува да ја гради екипата за наредните сезони, а во клубот ќе пристигнат уште двајца ракометари од францускиот шампионат.

Еден од нив е членот на ПСЖ, Беноа Конку. Младиот ракометар во Келце ќе пристигне на почетокот на наредното лето. Игра на позиција десно крило, а покрај одличните игри во нападот, може солидно да одигра и во одбраната.

Вториот ракометар што доаѓа во Келце исто така е член на ПСЖ, а тоа е десниот бек, Недим Ремили.

Двајцата потпишаа договори на четири сезони, односно до 2026 година, а ќе се активираат следното лето, односно во 2022 година.

Келце за новата сезона официјално го ангажираше репрезентативецот на Франција и член на ПСЖ, Дилан Наи. Француската колонија во полскиот шампион се зголемува уште повеќе, а неодамна пикерот Николас Турна го продолжи договорот до 2027 година.