Потврдени лошите вести – заврши сезоната за Јан Чувара!

Македонскиот шампион Вардар на последните четири меча од суперлигашкиот плеј-оф ќе мора да се снаоѓа без услугите на полскиот репрезентативец Јан Чувара.

Тој го повреди коленото на дуелот со Бутел Скопје по незгодниот судар со еден од ривалите и падот на теренот, а лошите прогнози се остварија.

По прегледите е уставено дека се работи за посериозна повреда што ќе го оддалечи од терените неколку месеци, а покрај за Вардар, нема да биде во комбинација ниту за натпреварите на Полска во квалификациите за ЕП 2024 против Италија и Летонија.

Стратегот на Вардар, Владо Недановски, на левата крилна позиција ги има на располагање Дејан Манасков и Марио Стојановски.

Иако оваа сезона најчесто почнуваше од клупата, сепак Чувара имаше одлични партии во суперлигашките натпревари, а неколку пати се најде и во изборот на 24Ракомет за идеалниот тим на колото.

Вардар на маки – Чувара се повреди и вресна од болка, двајца го изнесоа од терен (ВИДЕО)

Шампионот во проблеми – заврши сезоната за Чувара?