Шампионот во проблеми – заврши сезоната за Чувара?

Тимот на Вардар веројатно ќе остане без услугите на полскиот репрезентативец Јан Чувара до крајот на оваа сезона. Тој се повреди во последната минута на дуелот со Бутел Скопје, кој Вардар го доби убедливо со 30-24.

При еден напад незгодно се судри со еден од домашните ракометари, вресна од болка, падна на теренот и мораше да биде изнесен од теренот со помош на неговите соиграчи. И по авршувањето на мечот Чувара се уште не можеше сам да се движи и со помош на колегите замина од салата.

Првичните сомнежи се дека се работи за повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото и дека најверојатно сезоната за него е завршена.

Детални прегледи ќе бидат направени на почетокот на следната недела, а потоа ќе биде познато колку ќе мора да паузира полскиот репрезентативец, кој пружи неколку одлични партии оваа сезона.

Тренерот Владо Недановски на левата крилна позиција го има Дејан Манасков, а тука е и кадетскиот репрезентативец на Македонија, Марио Стојановски, кој повремено добива шанса во првиот тим оваа сезона.

Вардар со поразот од Алкалоид си ја искомплицира одбраната на титулата оваа сезона и сега ќе мора да брка победа на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер на 6 или 7 мај.