Вардар на маки – Чувара се повреди и вресна од болка, двајца го изнесоа од терен (ВИДЕО)

На минута и пол пред крајот на лесниот натпревар против Бутел Скопје, незгодно се повреди левото крило на Вардар, Јан Чувара. Тој тргна кон голот на бутелци, се судри со еден од домашните ракометари, падна на теренот и вресна од болка. Беше изнесен од теренот со помош на неговите соиграчи и не можеше да гази на ногата. За каков вид на повреда се работи и дали ќе мора да паузира подолго ќе биде познато во следните денови. Вардар го чека гостување во Битола кај Еурофарм Пелистер на 6 или 7 мај, па ова е главоболка плус за тренерот Владо Недановски.