Постигнат договор – Илија Брозовиќ останува во Хановер

Хрватскиот ракометар Илија Брозовиќ и Хановер постигнаа договор за продолжување на соработката.

Според новиот договор Брозовиќ ќе остане во германскиот клуб до крајот на сезоната 2024/2025. Во редовите на Хановер Хрватот пристигна во 2017 година. На 144 натпревари во Бундес лигата постигна 351 гол. Пред да потпише за Хановер една сезона помина во Кил.

„Никогаш не сум бил толку долго во мојата кариера во еден клуб. Тоа покажува колку се прилагодив тука. Имаме одличен тим и тренер“, изјави Брозовиќ.

Во кариерата во Германија Брозовиќ играше уште за Хамбург, додека во Хрватска настапуваше за Загреб и Метковиќ.