После 37 години доби отказ од клубот каде што направи сè во кариерата

Еден од најдобрите голмани на сите времиња во светот, Шпанецот Давид Баруфет доби отказ од раководството на Барселона.

После 37 години во овој клуб тој после натпреварот против Мешков Брест пред неколку дена бил известен дека повеќе не е на функцијата и дека ќе ја напушти екипата.  Тој целата своја кариера која траеше 22 години ја мина во Барселона со која освои 71 трофеј. Играчката кариера ја заврши во 2010 година и потоа стана спортски директор.

Барселона успеа да го обезбеди своето деветто учество на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во последните 12 години.

Баруфет самиот им ја соопштил оваа вест на ракометарите откако им честитал за новиот пласман на Ф4 и со солзи ја напуштил соблекувалната.

Веќе е познат неговиот наследник на позицијата спортски директор. На ова место ќе се најде уште еден поранешен ракометар, Хавиер О’Калахан.