После повеќе од четири месеци, вардарци се вратија во „Јане Сандански“ (ФОТО)

Ракометарите на Вардар конечно после повеќе од четири месеци се вратија во салата каде што ги играат натпреварите и ги извршуваат своите тренинзи.

Откако почнаа со подготовките на отворено, а потоа одработија неколку тренинзи и го добија протоколот за извршување на обврските во затворено можеа да се најдат и во сала и да почнат да тренираат.

Денеска беше првото влагање во сала така што можеше да се одработи според планот и да се почувствува одново подлогата во салата во СЦ „Јане Сандански“.

Сите ракометари на кои смета Стевче Алушовски се на терен така што може без проблеми да го одработи она што го замислува и полека да почне создавањето на играта.

Секако уште сега ќе треба да се крева формата за да може навреме да е влезе во потребниот ритам.