После Бутел и Металург, падна и Пролет во налетот на Еурофарм Пелистер 2 (ФОТО)

Со добра игра и во напад и во одбрана и многу мотив уште од стартот на средбата, ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаја да стигнат до нова победа против директен ривал за место во плеј-офот откако денеска на домашен терен беа подобри од Пролет со 29:22.

Иако гостите тргнаа подобро во натпреварот и во првите неколку минути од средбата имаа предност, сепак, во продолжението домашните успеаја да се вратат во ритам. При 3:5 тие со три гола во серија успеаја да се изборат за предност и да стигнат до 6:5. Од тој момент ја презедоа и контролата така што имаа константна предност.

Благојче Трајкоски беше одличен на голот и запре многу удари на противникот. Во нападот лесно доаѓаше до реализација што отвораше простор за постојано зголемување на водството. Атанасијевиќ и Кузманоски му се придружија во добрата партија така што Пролет не можеше да следи.

Овој ритам на игра донесе 13:10 после 30 минути игра, но и уште повеќе мотив и желба во продолжението.

Еурофарм Пелистер 2 – Пролет

Младите битолски ракометари зедоа “фаворитски скалп“ на домашен терен, победувајќи го Пролет со 29-22 нанесувајќи му го првиот пораз на тимот од Скопје езонава. За Еурофарм Пелистер 2 ова е трета победа од четири натпревари

Како што одминуваше времето во вториот дел така се гледаше дека Еурофарм Пелистер се има добро подготвено за играта на бековите на Пролет и многу често ги запираа со брзи движења при што не им оставаа простор за да дојдат до шест метри. На тој начин се отвораше простор за многу контри кои лесно се реализираа.

Победникот беше решен уште на средина на второто полувреме, но на пет минути до крајот само беше заверен новиот триумф бидејќи резултатот беше 27:19. Тука веќе беше прашање само разликата со која тимот на Еурофарм Пелистер 2 ќе се избори за втората победа сезонава. После Бутел Скопје и Металург падна и Пролет во налетот на младите битолчани.

25 септември 2021
29 - 22
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
25 септември 2021 17:20 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 25.09.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21329Победа
ПРОЛЕТ1022Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
3Цветан Кузманоскилево крило08
8Павле Атанасијевиќцентрален бек06
9Васко Димитровскипивот01
10Христијан Митревскидесен бек12
11Симон Мирчевски-00
13Павле Петровиќдесен бек14
16Благојче Трајкоскиголман00
19Стефан Андонов-00
24Никола Стоилевскидесно крило00
33Петар Атанасијевиќлево крило04
44Ненад Белистојановски-00
66Милан Ѓукиќдесно крило13
88Димитриј Блажевскидесен бек01
99Филип Арсеновскипивот10
 Вкупно 429

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот01
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек15
11Виктор Додевскидесно крило00
12Матеј Ивановскиголман00
13Мартин Димовдесно крило02
15Ласко Андоновскицентрален бек00
16Андреј Петковскиголман01
19Доне Мајновдесен бек01
21Филип Крстевски-01
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек13
24Јован Фичорскицентрален бек00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило03
99Жарко Пејовиќцентрален бек02
18Иван Џоновлев бек03
 Вкупно 222

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
НАЧЕВСКИ ДРАГАН

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515