Последниот учесник на Ф4 во Купот ќе биде познат на 23 март, се борат Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп

Екипите на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 на 23 март ќе го одиграат финалето од Групата Г во рамки од Купот на Македонија. Победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман на завршниот турнир од Купот и ќе има шанса да се бори за титулата во годинешната сезона.

Избраниците на Горан Кузманоски во првото полуфинале од Групата Г беа убедливи против Голден Арт со 30:25, додека младите „фармацевти“ во второто полуфинале од споменатата група стигнаа многу лесно до победа над Пролет со осум гола разлика, 28:20.

Натпреварот меѓу Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 ќе се одигра на 23 март во спортската сала при СОУ “Ристе Ристески-Ричко” во Прилеп. Саатницата за пелагониската пресметка во Купот треба да биде позната во наредниот период.

Натпреварот ќе го судат најдобрите македонски арбитри, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Делегат на овој натпревар ќе биде Љупчо Јаневски од Скопје. На Ф4 турнирот од Купот место веќе обезбедија екипите на Вардар, Бутел и Еурофарм Пелистер.

Куп на Македонија, четвртфинални групи: 

Група А
ТИКВЕШ слободен
ЈУНИОР КВ – ВАРДАР 23:40
ВАРДАР – ТИКВЕШ 33:23

Група Б
БУТЕЛ – СКОПЈЕ 25-20
СТРУГА – АЕРОДРОМ 32-30
БУТЕЛ – СТРУГА 29:23

Група В
ДРАЧЕВО – ОХРИД 27:41
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 26:32
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21:27

Група Г
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 20-28
ПРИЛЕП – ГОЛДЕН АРТ 30-25
23/3, ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (Р.Р.Ричко)