Sweden vs Portugal, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Gotheneburg, 22.01.2023., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Португалија не успеа против Шведска, Унгарија е во четвртфиналето

Репрезентацијата на Шведска, актуелниот европски правк не дозволи изненадување во последниот натпревар од групата 2 од главната фаза откако вечерва во Гетеборг ја совладаа Португалија со 32:30. По овој исход Унгарија остана на второто место во групата и избори пласман во четвртфиналето. Португалија со нерешен резултат или победа ќе беше второпласирана.

Натпреварот почна изедначено, иако двете селекции има проблеми со реализација во нападите. По 1:0 и 2:1 водството на Шведска, Португалците тргнаа поамбициозно кон својата цел – да останат непоразени. Со таков пристап стигнаа и до водство, а во неколку наврати и предност од два гола. Но, Шведска иако играше без голманот Паличка во 16.минута изедначи на 8:8, а со серија од 3-0 дојде и до водство од 9:8. Тоа не ги поколеба Португалците кои по 10:9 за противникот направија серија од 3-0 за ново водство од 12:10. На полувреме Португалија имаше водство од 14:13, а резултатот во првиот дел беше нерешен дури девет пати.

И на стартот од вториот дел слаба ефикасност и по седум минути игра беше 15:15, а Шведска повторно поведе во 39.минута со 17:16. Во тие моменти главен на теренот беше шведскиот голман Тулин (заврши со шест одбрани), а неговите соиграчи преку контри во 43.минута поведоа со 22:18.

„Шведската машина“ влезе во ритам и европскиот првак во 47.минута поведе и со шест разлика 25:19. Португалците со три голови во низа малку ја вратија неизвесноста, а во финишот (55.минута) го примораа и шведскиот селектор Солберг да побара тајм аут при резултат – 27:26 за Шведска. Но, тоа беше се што успеаја да направат.

Најефикасни беа Петресон кај Шведска 8/8 обиди, а ист учинок имаше и Ареиа кај Португалија.