Порто се запиша меѓу рекордерите, на листата се и Металург и Вардар

Екипата на Порто вчера претрпе пораз од екипата на ПСЖ со 19:33, но од овој дуел остана запишано дека ракометарите на шампионот на Порто во првото полувреме постигнаа само четири гола.

Со оваа бројка на голови Порто се запиша во историјата на Лигата на шампионите, но со неславен рекорд. На листата се поголем број на тимови меѓу кои се и Металург и Вардар. Металург се наоѓа во двете комбинации односно како тим кој постигнал малку голови и како тим против кој биле постигнати мал број на голови во едно полувреме на натпревар од Лигата на шампионите.

ЛИСТА НА ЕКИПИ СО НАЈМАЛКУ ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ ВО ПОЛУВРЕМЕ

3 гола

МЕТАЛУРГ (2015, 1. полувреме против Кил)

4 гола

ВАРДАР (2004, 2. полувреме против Барселона)

ВИСЛА ПЛОЦК (2006, 1. полувреме против Колдинг)

ГОРЕЊЕ (2007, 1. полувреме против Пик Сегед)

БЕШИКТАШ (2013, 2. полувреме против Металург)

СТ. ПЕТЕРСБУРГ (2013, 2. полувреме против Металург)

ВАРДАР (2019, 1. полувреме против Кил)

ПОРТО (2021, 1. полувреме против ПСЖ)