Порто на Митревски руши рекорди – 80 натпревари без пораз во Португалија!

Тимот на Порто, каде што брани македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, бележи рекорди во Португалија.

Триумфот од 14 голови разлика, 33-19, на гостувањето кај незгодната Мадеира, беше 14 по ред оваа сезона за Порто во португалскиот шампионат.

Серијата без пораз на Порто во домашните натпреварувања трае цели 80 натпревари по ред, а последниот пораз беше пред три години.

Последен пат Порто загуби на домашен терен од составот на Бенфика со 31-34 на 25 мај 2019 година.

Серијата и рекордот ќе може да се подобри веќе денеска, бидејќи Порто го игра дуелот со Чико Андебол во Купот на Португалија.