Порто купува лев бек за 150.000 евра од најголемиот ривал

Екипата на Порто каде што настапува репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски е подготвена да издвои значителна сума за ангажирање на левиот бек на Спортинг, Педро Валдес.

Кубанецот Валдес сака да си замине од Спортинг бидејќи клубот му ја намали платата, а Порто е подготвен да ја плати клаузулата од договорот која изнесува 150 илјади евра за раскинување на договорот со Спортинг.

Според ова Валдес е многу блиску до трансфер во Порто, каде што би имал значително повисока плата. Кубанецот изминатата сезона беше најдобар играч на Спортинг и на 46 натпревари постигна 197 гола и потврди дека се работи за многу квалитетен играч.

Спортинг сезоната ја заврши на втората позиција на табелата зад Порто кој ја освои шампионската титула. Исто така Порто го освои и Купот на Португалија со што ја потврди доминацијата со освојување на двојната круна.