Порто и Митревски со голем предизвик – во „Ибериски Супер куп“ против Барса или Гранољерс

Шпанската и Португалската ракометна федерација од овој декември ќе започнат со ново натпреварување – Ибериски Супер Куп.

Таму ќе играат по двете најдобри екипи од двете држави, односно шампионите и/или финалистите на Куп натпреварувањата.

Првото издание на „Ибериски Супер Куп“ ќе се одржи на 17 и 18 декември во Малага, а ќе учествуваат Барселона, Порто на Никола Митревски, Гранољерс и Спортинг Лисабон.

Полуфиналните двојки, како и распоредот на турнирот ќе бидат познати дополнително.

Двете држави заеднички ќе го организираат Европското првенство во машка конкуренција во 2028 година.