Порто и Митревски извлекоа реми кај Спортинг во последната секунда (ВИДЕО)

Португалскиот првак Порто ја продолжи серијата без пораз во домашниот шампионат, откако извлече реми кај големиот ривал Спортинг Лисабон, 29-29, во натпревар од 10 коло.

Во првиот дел Спортинг имаше највисока предност од пет гола, 10-5, но како одминуваше времето така Порто се враќаше во игра и на пауза се замина со реми, 11-11. Се играше гол за гол до 16-16 во вториот дел. Домашниот тим се одлепи на 19-16, но Никола Митревски беше творецот на пресврт на Порто.

Порто поведе со два гола, 23-21 на десет минути до крај. Ја одржуваше предноста, Руи Силва имаше шанса за плус три, но Гашпар одбрани. Митревски го спречи Суарез да погоди, но сепак домашните по 28-26 за Порто се вратија во игра и со три гола, од кој последниот на двасетина секунди до крајот, поведоа со 29-28.

Тренерот на Порто повика тајм-аут, Салвадор направи фаул за пенал на три секунди до крајот, кој го реализираше Турин за реми и по бод за двете екипи.

На табелата Порто е прв со 30 бодови, Спортинг има 29 на втората позиција, додека Бенфика е трета со 28 бода.