Порано го бранеше голот на Металург, сега се врати во татковината (ФОТО)

Српската екипа Металопластика од Шабац за новата сезона е решена да направи конкурентен тим за првите позиции во домашниот шампионат.

Со оглед на тоа дека Војводина, Партизан и Црвена Звезда ангажираа квалитетни засилувања, Металопластика мораше да го следи нивниот чекор.

Клубот се засили со екс голманот на Металург, Дарко Арсиќ. Искусниот голман изминатата сезона бранеше за екипата на Рамат Хашарон од Израел, но добрата понуда од српскиот клуб беше причина да направи камбек во татковината.

Во сезоната 2016/2017, Арсиќ беше дел од составот на Металург. По одличните настапи за тимот од Автокоманда кратко се врати во Шабац, а потоа се пресели во францускиот Требмле.