Екс ракометарка на Кометал Ѓорче Петров остана без тренерска функција по седум сезони!

Единствената жена тренер во женскиот романски шампионат, Викторина Бора, остана без тренерскиот ангажман во составот на Слатина, кој го водеше седум сезони.

Со Бора, тимот на Слатина во 2017 година влезе во елитното романско друштво и имаше солидни резултати.

Но оваа сезона на Слатина не и оди добро, забележа десет порази во серија, па разделбата беше неизбежна.

Бора, некогаш под презимето Станеску, беше дел од составот на Кометал Ѓорче Петров во сезоната 1993/94.

Таа настапи за селекцијата на Романија на повеќе од 100 натпревари, покрај за македонскиот тим играше за Валчеа, Крајова, Рапид Букурешт, Баја Маре…а како тренер ги водеше Јаши, Крајова и Униреа Слобозиа.