Поранешен тренер на вардарки, ја даде на суд Ракометната федерација на Унгарија

Поранешниот тренер на женската екипа на Вардар, Ким Расмусен, кој последната задача ја имаше како селектор на Унгарија одлучи да ги одмери силите со Ракометната федерација на оваа земја на суд.

Причината за тоа е во фактот што Расмусен доби отказ од страна на федерацијата откако беше казнет од ИХФ после неговите кометари против судии за време на Мундијалот минатата година.

Сега своите права ги бара на суд бидејќи смета дека бил неоправдано отпуштен и не го одработил договорот до крај.

„Одлучив да ја барам правдата на суд. Не сакав, но не ми оставија избор. Претставниците на федерацијата се обидуваат да го најдат најдобриот излез за нив, но и јас сум во добри раце бидејќи моите интереси ќе ги застапува еден од најдобрите адвокати во Унгарија“, вели Расмусен.

Тој беше отпуштен од позицијата селектор на Унгарија после Светското првенство во декември минатата година. Имаше коментари за судиите на натпреварите, па заработи казна од 4.500 евра од ИХФ и забрана за работа во период од два месеци. На ова доби отказ од Ракометната федерација од Унгарија.

„Жал ми е што целата ситуација заврши вака. Меѓутоа, Унгарците малку претераа. Доколку не брзаа, сè ќе беше далеку подобро. Имав изградено млад и амбициозен тим со сериозен потенцијал и жал ми е што не можев да ја завршам мојата задача до крај. Што се однесува до санкциите од ИХФ, не можам да разбиерам зошто не добив поддршка од Ракометнта федерација од Унгарија. ИХФ ме казна и ме отстрани од работа, а ваквите санкции не се наведени во кодексот на Унгарците. Сепак, тие очигледно не скаа да ме разберат. Јас ја издржував казната и самиот си ја платив, но веројатно некој сметал дека тоа не е доволно“, изјави Расмусен.

На ова реакција имаше од потпретседателката на Ракометната федерација на Унгарија, Каталин Палингер. Таа е изненадена од реакциите на Расмусен образложувајќи дека немале друго решение бидејќи се подготвувале за квалификациите за Олимписките игри во март и им бил потребен нов селектор.