Поранешен ракометар на Куманово ќе ја спасува Црвена Ѕвезда од најлошото

Поранешното десно крило на Црвена Ѕвезда, Куманово, Ваљадолид, Целје и многу други европски клубови – Жикица Милосављевиќ е новото име на клупата на црвено-белите. 48-годишниот српски стручњак како тренер на Ѕвезда ќе дебитира против водечкиот тим на табелата Динамо Панчево.

Црвена Ѕвезда имаше уште еден лош период сезонава во кој врза низа слаби резултати што беше причина Радан Ровчанин да поднесе оставка. Исто така претходниот тренер и поранешен селектор на Србија, Ненад Перуничиќ поднесе оставка на почетокот на сезоната.

Црвена Звезда во овој момент е на последната позиција на табелата без шанси да се пласира во плеј-офот. До крајот на сезоната останува да се бори за опстанок во првата лига на Србија. Ова за Милосављевиќ ќе биде голем предизвик да ја спаси од испаѓање екипата со која освои три титули и два купа во домашното првенство.