Поранешен ракометар на Вардар ќе води клуб во Словенија

Tимот на Изола од Словенија одлучи да го смени тренерот и на местото на Луко Волка клубот ќе го преземе Матјаж Брумен кој своевремено и го носеше дресот на Вардар.

Брумен зад себе има богата кариера како играч каде што покрај Вардар настапуваше во Пруле, Целје, Копер, Велење, Нашице и Изола каде што сега се враќа како тренер. Беше дел и од Летните олимписки игри во 2004 година во Атина каде што Словенија заврши на 11. позиција.

„После кратка пауза се враќам во Изола, но сега во улога на тренер. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот успешно да ја заврши сезоната. Пред се посакувам да немаме проблеми со повреди и се надевам на успешна соработка“, изјави Брумен по пристигнувањето во клубот.

Дресот на Вардар Брумен го носеше во периодот од 2013 до 2016 година.