Поранешен македонски репрезентативец стана тренер на шведски клуб!

Поранешниот македонски репрезентативец Никола Стојчевски во новата сезона ќе биде тренер на составот на Торсланда, тим од Втората лига на Шведска.

Во стручниот штаб на Стојчевски ќе биде и Швеѓанецот Магнус Јохансон, а Торсланда е клубот каде што Македонецот играше во сезоната 2020/21.

Тој ја прекина играчката кариера во 2018 година, беше тренер на млади категории во Гетеборг, но потоа се врати на кратко и играше за клубот каде што сега ќе биде во стручниот штаб.

Претходно играше за Редбергслидс и Дрот, остана да живее во Шведска, а сега почнува ново поглавје во кариерата.

Стојчевски потекнува од Ресен, во Македонија ги носеше дресовите на Вардар и Металург, а беше дел од хрватскиот Осијек, романските Клуж и Пандурии, тунискиот Клуб Африкан, како и германскиот Ферндорф.