Порака од Лазаров: Вечерва против Норвешка нема да се штедиме (ВИДЕО)

Машката репрезентација на Македонија вечерва го стартува осмиот настап на Светските првенства.

Во полскиот град Краков, момците на Кире Лазаров ќе се соочат со Норвешка, а селекторот порачува дека нема воопшто да се штедат играчите.

„Знеме што значи Норвешка во европскиот и светскиот ракомет, знаеме од какви клубови доаѓаат играчите. Нас треба да не краси колективот. Не треба да се штедиме воопшто, треба да стекнуваме навика да пробуваме да победуваме поголеми репрезентации и сакам да им дадам поддршка на нашите момци“, вели Лазаров.

Македонија преку Романија и Чешка стигна до пласман на ова СП.

„За првпат во историјата Македонија мина два баражи и го задржа котинуитетот на големи натпреварувања. Имаше доста скептици, но ние успеавме да се пласираме на СП 2023, блиску сме до ЕП 2024. Чекор по чекор, сигурен сум дека ќе дојде денот кога ќе направиме резултат“, заврши Лазаров.

Нашите момци вечерва го играат првиот натпревар во „Таурон Арена“ со почеток во 20:30 часот.