Поради тест по хемија стана ракометар, а сега ќе игра во ЛШ со Мешков Брест

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Владимир Врањеш од наредната сезона ќе настапува во екипата на Мешков Брест. Пикерот од Татабања пристигнува во шампионот на Белорусија.

Врањеш во интервју за официјалниот сајт на неговиот нов клуб говореше за неговите почетоци, контролната по хемија која влијаела на неговата кариера и неговото деби на 14 години во сениорска конкуренција.

„Во детството на улица игравме сè. Шест месеци тренирав фудбал, но не ми е допадна. Потоа преминав на кошарка, тогаш во БиХ имаше војна, тренерот замина некаде и клубот се распадна. Продолжив со училиштето, кога требаше да правиме тест по хемија за да не отидам на тестот и кажав на мајка ми дека морам да одам со децата од нашето маало да играм ракомет. Од тогаш го засакав ракометот толку многу што уште и ден денес го играм. Не знам што би се случувало да не беше тој тест по хемија“, објасни Врањеш.

Владимир Врањеш потекнува од Бања Лука, а кариерата ја почна во Борац. Уште на 14 години беше дел од сениорскиот тим, што е после само две години откако започнал да игра ракомет. Во кариерата настапуваше и за екипата на Адемар Леон. Во јануари со репрезентацијата на БиХ беше дел од Европското првенство, а во 2015 година беше прогласен за ракометар на годината во својата земја.