Поповски игра во одлична форма – Цирих славеше убедливо во Купот на Швајцарија

Десното крило Мартин Поповски игра во одлична форма на стартот на новата сезона во Швацјарија.

Македонскиот репрезентативец е меѓу најдобрите стрелци на Амичитија Цирих во првенството, а беше меѓу најзаслужните и за средбата од Купот на Швајцарија.

Амичитија славеше на гости кај составот на Јелоу Винтертур со убедливи 23-34, откако и на паузата имаше плус пет, 13-18.

Поповски беше најдобар стрелец и постигна шест погодоци во триумфот на Амичитија, која обезбеди место меѓу 16 најдобри екипи во Купот.