Поповски ефикасен, Цирих со нов триумф

Македонскиот интернационалец Мартин Поповски имаше одлична партија во триумфот на Цирих во швајцарскиот шампионат.

Цирих славеше над последно пласираниот Кројзлинген со 30-26, откако и на полувреме имаше водство од 13-12.

Десното крило успеа да постигне четири гола од седум обиди и беше втор стрелец во десеттата победа на тимот сезонава.

Овој натпревар беше последен од шампионатот за Поповски и Цирих, сега останува уште средбата од Купот против Сент Гален.