Поповски доби соиграч од Монпелје

Екипата на Амичитија Цирих, во која настапува македонскиот интернационалец, Мартин Поповски, за следната сезона реши да се засили со ракометарот од Монпелје, левиот бек, Олафур Гудмундсон.

Клубот преку својата клупска страна ја објави соработката со некогашниот репрезентативец на Исланд, кој во редовите на поранешниот европски првак мина само една сезона, но поради малата минутажа мораше да најде соодветен клуб за во иднина.

32-годишниот ракометар со раководството на Амичитија Цирих се договори на четиригодишна соработка и во швајцарскиот шампионат ќе настапува до јуни, 2026 година.

Новиот соиграч на Поповски, најголемиот дел од својата кариера ја мина во Кристијанштад од Шведска, таму настапуваше осум сезони пред да се пресели во Монпелје. Го носеше дресот и на Хановер, Копенхаген и Нордсјеланд.

Најголемиот успех на репрезентативно ниво го постигна во 2010 година кога со репрезентацијата на Исланд го освои бронзениот медал на континенталниот собир во Австрија.