Полјаците со притисок кон ИХФ: Домаќини сме на СП во 2023 година и мора да добиеме вајлд-карта за Египет!

Познати се 28 учесници на Светското првенство во Египет следната година, а Светската ракометна федерација ќе има на располагање најмалку две вајлд-карти.

За нив веќе покажаа интерес Македонија, Црна Гора, Србија, Русија и Полска, а Полјаците веќе почнаа да прават пристисоци по медиумите.

„Секогаш има шанса за вајлд-карта, но и други репрезентации се борат место на СП, и се плашам дека Полска можеби нема да ја добие поканата. Не знам кои фактори ќе бидат земени во предвид. Луѓето од ИХФ само ќе се соберат, ќе разговараат, ќе се јавуваат, да одлучат за тоа кој најмногу заслужува вајлд-карта. Ми се чини дека ако Полска го организира Мундијалот во 2023 година, тогаш нашата репрезентација треба да биде во привилегирана позиција“, вели Криштоф Лијевски.

Десниот бек сезонава веројатно ќе стави крај на кариерата и ќе му стане помошник на Талант Душебаев во Келце.