Полски репрезентативец го засилува ПИК Сегед

Тимот на ПИК Сегед продолжува да ги засилува своите редови за новата натпреварувачка сезона.

Клубот од Сегед денес го промовираше најновото засилување. Станува збор за репрезентативецот на Полска, Симон Џијалакиевич.

Полскиот интернационалец во ПИК Сегед ќе пристигне од шведскиот суперлигаш Редбергслидс, клуб во кој што мина една сезона.

23-годишниот ракометар, кој игра на позицијата десен бек, во својата кариера настапуваше и за екипите на Гумерзбах, Гвардиа и Гдањск.

За репрезентацијата на Полска настапи на 13 меѓународни натпревари и успеа да постигне 25 погодоци.

ПИК Сегед претходно се засили со Марин Јелиниќ (Нексе), Глеб Калараш (Магдебург) и Карлос Молина Косано (Мотор).