Полскиот Јарослав стои на патот на Ѓорче Петров до ТОП 8 во Европскиот Куп!

Ракометарките на Ѓорче Петров го добија полскиот тим Јарослав за ривал во осминафиналето на Европскиот Куп.

Станува збор за екипа што во второто коло беше подобра од холандскиот Венло, додека во третата рунда славееше две убедливи победи над португалскиот Алавариум.

Македонскиот првак во претходните две рунди ги елиминира исландскиот КА Тор и австрискиот Румс Јагс и досега забележа три победи и едно реми.

Првиот натпревар од осминафиналето е на програмата на 7/8 јануари на гостински терен, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна во Скопје.