Полска не виде мака со Турција

По триумфот во Ескишехир, репрезентацијата на Полска славеше втора победа над Турција, 35-24, во квалификациите за ЕП 2022 година.

Избраниците на Патрик Ромбел немаа големи проблеми на овој дуел, уште по првиот дел направија предност од четири голови, 16-12.

Во вториот дел го дотолчија ривалот, кој немаше сили да се бори против расположените домаќини.

Најдобри стрелци во победничката селекција беа Аркадиуш Морито со седум и Томаш Гебала со шест погодоци, додека кај Турција се истакна Дорук Пеливан со пет голови.

Полска со двете победи е многу блиску до место на континенталниот собир и со Словенија ќе се бори за првата позиција.