Полска беше пред изненадување, но Романија направи голем пресврт

Репрезентативките на Романија стигнаа до победа од 28:24 на дуелот против Полска во натпревар кој имаше голем пресврт.

И двете селекции добија по едно полувреме. За двете ова беше поправен после лошиот старт на шампионатот, но денеска радост имаше само кај Романките.

Полска имаше убава предност на крајот од првите 30 минути и водеше со 15:11. Овој резултат гарантираше мирно продолжение и најавуваше победа за Полска. Сепак, работите не одеа така добро.

Во вториот дел составот на Романија почна далеку подобро. Успеа за 15 минути игра да ја неутрализира негативата. Полска постигна само три гола, па тоа беше шанса за нерешени 18:18. Полска водеше само уште при 19:18, а потоа Романките свртеа. Иако Полска израмни на 21:21, сепак, тоа беше сè. На пет минути до крајот резултатот беше 24:21 за Романија и овие три гола искусно се чуваа до крај и беа и зголемени за плус четири.

Со оваа победа Романија се најде на чекор пред вториот круг на шампионатот додека Полска ќе има тешка задача во последното коло против Германија во понеделник.

Денеска најефикасна беше Неагу со осум гола, додека зад неа во победничкиот состав со по шест погодоци беа Ласло и Остасе. Во Полска Седум гола имаше Росијак, а пет постигна Лабуда.