Полн календар со контроли за Охрид, дури 11 за неполн месец

Ракометарите на Охрид ќе имаат одлична можност за проверка на формата во текот на следниот месец со оглед на тоа што се предвидени дури 11 натпревари. Четири од нив ќе идат одиграни на струшкиот турнир, а потоа ќе следуваат уште седум контролни натпревари пред стартот на сезоната.

Меѓу ривалите се и Вардар и Еурофарм Пелистер, а дури трипати ќе се одмерат силите со составот на Еурофарм Пелистер 2. Двапати ќе се игра со КЛ 7 и ГРК Тиквеш, па ова ќе биде можност да се види до каде е формата на Охрид пред почетокот на сезоната.

Тренерот Раде Стојановиќ ќе има можност да види со каков квалитет располага и дефинитивно големиот број на контролни средби ќе отворат шанса за сите да одиграат и да се наметнат за игра за новиот шампионат.

РАСПОРЕД НА КОНТРОЛНИ СРЕДБИ ЗА ОХРИД

12 АВГУСТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ (СТРУШКИ ТУРНИР)

13 АВГУСТ – ВАРДАР (СТРУШКИ ТУРНИР)

15 АВГУСТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (СТРУШКИ ТУРНИР)

16 АВГУСТ – (СТРУШКИ ТУРНИР)*

18 АВГУСТ – КЛ 7

19 АВГУСТ – КЛ 7

21 АВГУСТ – ГРК ТИКВЕШ

26 АВГУСТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

29 АВГУСТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

2 СЕПТЕМВРИ – ГРК ТИКВЕШ

5 СЕПТЕМВРИ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

* Противникот на 16 август ќе биде познат в сабота откако ќе бидат одиграни сите средби од групната фаза на струшкиот турнир.