„Полесно е да се суди Нант – Веспрем, отколку Пролет – Бутел“

Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов вчера ја имаа првата задача на Олимписките игри на дуелот Португалија – Египет и одлично ја одработија.

Николов и Начевски се можеби единствената судиска двојка од светскиот врв која може да ја видите и како суди во домашното младинско првенство.

„Никогаш не сме настапиле потценувачки кон никого. Нас и денеска не ни е под чест да судиме и младински и кадетски првенства, може сме и единствените од тие врвни судиски парови кои го прават тоа. На тие деца им е чест и кејф да дојдат Начевски и Николов и да им отсудат натпревар, а и ние на тој начин им даваме значење. Секое натпреварување си има своја убавина, иако реално нас ни е потешко да судиме дома отколку Европа. Полесно е да судиме Нант – Веспрем, отколку Пролет – Бутел, затоа што и тука има набој и притисок“, вели Начевски.

Целото интервју со Начевски и Николов може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, македонските адути за олимписко финале!