„Полесно е да се заработат 500 долари од играње ракомет отколку 300 долари на машина во фабрика“

Белорусинот Вадим Гајдученко кој настапува во првенството на Франција, во екипата на Сен Рафел зборуваше за тоа што ги мотивира играчите во Белорусија да играат ракомет.

Според Гајдученко, платите во домшниот шампионат се мали но и покрај тоа ракометарите кои играат таму наоѓаат „примитивна мотивација“ да се занимаваат со ракомет, а тоа е полесно заработени пари отколку работа на друго место.

„Мислам дека половина од ракометарите во белорускиот шампионат играат со едноставна примитивна мотивација: полесно е да се заработат 500 долари на теренот отколку 300 долари во фабрика на машина“, рече Гајдученко за рускиот „Брз Центар“.

Белорусинот премина во Сен Рафаел од романскиот Динамо Букурешт пред две  години. Гајдученко има одлични изднија во првенството на Франција што покажува и податокот дека е втор стрелец во тимот.