Познат составот на Германија – со Вулф, Винчек, Гола…на ЕП

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон го објави конечниот список на ракометари за претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.

Гисласон се реши за 18 ракометари што ќе бидат дел од континенталниот собир, на кој поради различни причини нема да играат Кнор, Виде, Друкс, Грецки, Пекелер…

И покрај тоа што ќе биде ослабена, сепак Германија не смее никако да се потцени. Тука се Патрик Винчек, Андреас Вулф, Јоханес Гола, Каи Хефнер…

Германија славеше во првата контрола пред ЕП против Швајцарија, а ќе игра уште против Франција пред заминувањето за Братислава.

Бундес тимот во групата ќе се соочи со Белорусија, Австрија и Полска.