Познат календарот во СЕХА – Еурофарм Пелистер стартува кај Партизан, Вардар го чека Нексе

Познат е календарот за групната фаза од регионалната СЕХА лига. Македонски претставници и оваа сезона ќе бидат Вардар и Еурофарм Пелистер.

Вардарци стартуваат со дуел дома против Нексе, а потоа ќе гостуваат кај Воводина во Нови Сад на 6, односно 8 февруари.

Еурофарм Пелистер стартува со гостување кај Партизан во Белград на 7 февруари, а последниот натпревар ќе го игра дома со Загреб на 17 мај.

Осминафиналните натпревари се во мај, четвртфиналните се играат кон крајот на мај и почетокот на јуни, додека завршниот турнир ќе биде во септември.

СЕХА лига, распоред на натпревари:

Група А

07.02.2022, Партизан – Еурофарм Пелистер
10.03.2022, Еурофарм Пелистер – Татран Прешов
22.03.2022, Загреб – Еурофарм Пелистер
20.04.2022, Татран Прешов – Еурофарм Пелистер
24.04.2022, Еурофарм Пелистер- Партизан
17.05.2022, Еурофарм Пелистер – Загреб

Група Б

06.02.2022, Вардар – Нексе Нашице
08.02.2022, Војводина – Вардар
18.02.2022, Нексе Нашице – Вардар
22.03.2022, Вардар – Војводина
02.04.2022, Мотор Запорожје – Вардар
17.05.2022, Вардар – Мотор Запорожје

Осминафинале: 20/21.05.2022
Четвртфинале: 25/29.05.2022 – 04/05.06.2022
Полуфинале: 02.09.2022
Финале: 04.09.2022