Клубовите ги добија ваучерите – кој доби најмногу! (ФОТО)

33 Ракометни клубови од Суперлигата, Женската лига и од машката прволигашката конкуренција, добија ваучери од страна на Агенцијата за млади и спорт,  преку кои се обезбедуваат финансиски средства од спонзори во форма на даночно олеснување.

Ракометната федерација исто така доби ваучер, и тоа најголем меѓу сите спортски федерации кои аплицираа, во износ од 7,5 милиони денари.

Европскиот шампион Вардар доби ваучер од 7 милиони, Металург од 6,3 милиони, додека за Еурофарм Работник има ваучер од 5,9 милиони денари. Од женските клубови ваучер со најголем износ доби Металург – околу 1 милион денари.

 

На овој ЛИНК може да ги погледнете износите на ваучерите што ги добија сите спортски федерации, додека на овој ЛИНК може да ги видите износите на ваучерите за сите спортски клубови.