ПОЗНАТ СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА: Еве за кои 16 ракометари се одлучи Лазаров

Македонија вечерва ќе го игра првиот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка против Словенија.

Селекторот Кире Лазаров, за жал, поради повреда ќе биде само дел од стручниот штаб и нема да игра, а покрај него нема да играат уште четворица.

Станува збор за голманот Благојче Трајкоски, бекот Марко Митев, како и пикерите Кристијан Симоноски и Костадин Петров.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија стартува од 18:00 часот, ќе се игра во „Феникс Арена“, а ќе го судат Австријците Бркиќ и Јусуфхоџиќ.