Познат „возниот ред“ за младинците – На стартот со Украина, на крај против Швајцарија

Машката младинска репрезентација на Македонија за десетина дена ја очекува настапот на ЕХФ шампионатот кај источниот сосед.

Младинците ќе играат во градот Варна, а ривали се Украина, Швајцарија, Романија и Косово во групата Б.

На стартот на турнирот, Македонија ќе ги одмери силите со Украина, додека последниот натпревар ќе биде против Швајцарија.

ЕХФ шампионатот стартува на 16 јули и ќе се игра до 24 јули, кога ќе биде познато кој е патникот на СП за младинци во Германија и Грција.

ЕХФ шампионат, младинци, распоред на натпревари:

16/7, Македонија – Украина
17/7, Македонија – Косово
20/7, Македонија – Романија
21/7, Македонија – Швајцарија
23/7, натпревар за пласман
24/7, натпревар за пласман