Познат „возниот ред“: Вардарци тргнуваат на гости кај Елверум, прв во Скопје доаѓа Мешков Брест

Ракометарите на Вардар ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите. Македонскиот тим ќе биде дел од полесната група А.

Избраниците на Веселин Вујовиќ ќе се соочат со ПИК Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпелје, Загреб и Елверум.

Според прелиминарниот распоред, кој може да претрпи измени, Вардар во првото коло ќе се сретне со норвешкиот Елверум на гостински терен.

Прв ривал што ќе гостува во Скопје ќе биде стариот познаник Мешков Брест, додека групната фаза вардарци ќе ја заокружат со Елверум во март следната година.

Лига на шампиони, распоред на натпревари:

1 коло, 15/16.09, Елверум – Вардар
2 коло, 22/23.09, Вардар – Мешков Брест
3 коло, 29/30.09, Загреб – Вардар
4 коло, 13/14.10, Вардар – Монпелје
5 коло, 20/21.10, Алборг – Вардар
6 коло, 27/28.10, Вардар – Кил
7 коло, 17/18.11, ПИК Сегед – Вардар
8 коло, 24/25.11, Вардар – ПИК Сегед
9 коло, 01/02.12, Кил – Вардар
10 коло, 08/09.12, Вардар – Алборг
11 коло, 16/17.02, Монпелје – Вардар
12 коло, 23/24.02, Вардар – Загреб
13 коло, 02/03.03, Мешков Брест – Вардар
14 коло, 09/10.03, Вардар – Елверум

Вардар беше дел од ждрепката, но учеството на македонскиот тим е се уште под знак прашалник, бидејќи ЕХФ му наложи да уплати депозит од 1.000.000 евра до крајот на јули.