ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Mакедонија во поход кон премиерна победа на ЕП

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра петтиот натпревар на Европското првенство во Романија.

Во групата 2 од разигрувањето за пласман од 9 до 16 место, избраничките на Јулијана Дамчевска ќе се соочи со Србија, која исто така досега нема победа.

Во составот на Македонија нема промени, а ниту во српскиот во однос на претходните натпревари.

Мечот меѓу Македонија и Србија се игра во Миовени со почеток од 12:00 часот, а судии ќе бидат Литванците Петрусис и Барисас.

Без разлика на резултатот од овој натпревар, нашите младинки ќе продолжат в петок и сабота во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место.