Хендикеп за Вардар – без Ловро Јотиќ против Елверум! (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска се домаќини на составот на Елверум во Лигата на шампионите и сите очекувања се да дојде до бодовите на овој дуел.

Стратегот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски нема да смета на услугите на Ловро Јотиќ и повредениот Борко Ристовски, а во составот се Томислав Јагуриновски и Мартин Карапалевски. Од ростерот надвор е Марко Мишевски.

Не е позната причината поради која Јотиќ не е во составот, а тој беше еден од најдобрите поединци на претходните два меча со ПИК Сегед.

Елверум ќе биде гостин на двата дуели против Вардар, а вториот е в среда. Денеска се очекува интересен натпревар на кој дефинитивно „црвено-црните“ влегуваат со шанса повеќе за да дојдат до победата.

Бодовите се максимално потребни и мора да се направи сè за да се дојде до нив. Средбата почнува од 16 часот и дефинитивно ова ќе биде дуел на кој сите очекуваат блесок од шампионот на Македонија.