ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Романија со Неагу, Македонија со Ристовска, Ѓорѓиевска, Ливриниќ…(ФОТО)

Европската ракометна федерација ги објави составите на Романија и Македонија за денешниот дуел од баражот за Светското првенство во Шпанија.

Селекторот Ади Василе ќе ја има на располагање Кристина Неагу, а тука се и Крина Пинтеа, Кристина Ласло, Денис Деду…

Од 17 ракометарки на Македонија што отпатуваа во Букурешт, од списокот отпадна левиот бек Милица Николиќ.

Натпреварот меѓу Романија и Македонија стартува од 17:00 часот, а ќе го судат српските арбитри Вања Антиќ и Јелена Јаковлевиќ, додека делегат е Михаил Башев од Бугарија.