ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Против Финска со истите ракометарки што играа со Косово (ФОТО)

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ја почнува борбата за пласман од 5 до 8 место на ЕХФ шампионатот во Скопје.

Прв ривал во разигрувањето ќе биде селекцијата на Финска, а селекторот Љубомир Савевски не направи промени во ростерот во споредба со претходниот дуел.

Ќе настапат истите ракометарки што беа дел од натпреварот против Косово и победија убедливо.

Натпреварот меѓу Македонија и Финска се игра денеска од 15:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.